FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 70 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

70 натпревари во историјата на светските првенства завршиле така што ниеден тим не успеал да постигне гол. Иако е неоспорен фактот дека главната цел на фудбалот е постигнувањето на голови, дури и 0-0 резултат може да донесе многу драматични моменти, тензични атмосфери и несебични и решителни настапи од страна на играчите.

Англичаните биле најмногу инволвирани во натпревари кои завршиле со 0-0 резултат на Светските првенства, каде играјќи дефанзивно со цел да не примат гол, не упеале ниту тие да постигнат. Позади нив има дури 11 натпревари кои ги одиграле на Светските првенства со најнепопуларниот резултат.

Единственото финале кое се одржало без ниту еден постигнат гол е финалето на фудбалското светско првенство во САД во 1994 година меѓу Бразил и Италија. Двата фудбалски гиганти одиграа неверојатно тензичен натпревар кој на крајот заврши со шутирање пенали. Трагичарите од пенал рулетот на италијанските ѕвезди Франко Бареси и Роберто Баџо им ја донесоа на Кариоките четвртата титула на Светските првенства.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:45