FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 69 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

69 - Точно 69 секунди меѓу двата гола на Тони Крос на полуфиналето на фудбалското светско првенство во 2014 година ги уништија надежите на Бразил за освојување на титулата на домашен терен. Тоа беше еден од најмрачните моменти во историјата на Бразилците до таа мера што натпреварот против евентуалниот шампион Германија на Стадионот Минеирао во Бело Хоризонте на 8 јули подоцна доби и свој прекар: Минеирачо (Шокот на Минеирао).

Голот на играч од средниот ред на Реал Мадрид во 24-тата и 26-тата минута им донесе на Германците водство од 4-0 откако со двата воведни гола на Томас Милер (11 минута) и Мирослав Клосе (23 минута) го запрепастија стадионот и остатокот од светот неочекувајќи таков расплет на натпреварот. Но најлошото за Бразилците дојде кога Сами Кедира (29 минута) и Андре Шурле (69, 79 минута) истотака стрелаа прецизно во мрежата на Оскар. До крајот на натпреварот Бразил постигна само почесен гол.

“Беше навистина импресивен натпревар,” рече Крос по крајот на натпреварот. Крос без сомнение беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот. “Тоа е најдобриот натпревар за мене и за мојата репрезентација. Некој да ми кажуваше претходно дека ќе победиме со 7-1, немаше да му верувам, но мислам дека бевме извонредни.”

Јужноамериканците на некој начин се обидоа да компензираат на последниот пријателски натппревар кога ја победија Германија со 1-0 во Берлин.

Сепак, тоа не го менува фактот дека во Бразил, луѓето сеуште користат одредени фрази кога ќе се случи некоја незгода. На пример, ако не стигнат да се качат во автобус, тие знаат да речат: "Gol da Alemanha!" (“Гол за Германија!”)



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:09