FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 67 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

67 - Џејмс Родригез постигнуваше гол просечно на секои 67 минути на фудбалското светско првенство во Бразил во 2014 година. Колумбискиот стрелаше прецизно вкупно шест пати во текот на 400 минути поминати на теренот во Бразил.

Родригез постигна половина од головите на Колумбија на првенството помагајќи и на својата земја да го постигне најдобриот резултат било кога на светското првенство: Колумбијците започнаа нов потфат и стигнаа до четврт-финалето каде налетаа на домаќините.

Достигнувањата на Родригез му ја донесоа Златната копачка станувајќи прв стрелец во Бразил 2014. Како тоа да не беше доволно, неговиот маестрален гол на иконската Маракана со коj што ја отвори серијата на погодоци на неговиот тим во победата над Уругвај во осминафиналето, беше прогласен за најубав гол на првенството од страна на фановите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:12