FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 66 дена до самиот старт!
За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
66 - Колоритната традиција на маскотите на фудбалското светско првенство започна во 1966 година во Англија. Вили беше првата маскота на светското првенство – и сеуште од многумина се смета за најдобрата!
Англискиот лав, кој носеше маица со боите на Обединетото кралство и на која беа испишани зборовите “Светско првенство”, стоеше како симбол на земјата домаќин во финалето во 1966 година. Благодарение на успехот кој го постигна Вили на светското првенство, маскотите станаа дел и од други големи спортски настани.