FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 65 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

65 е бројот на јапонски играчи кои низ годините играле на фудбласките светски првенства. Неколку од нив постигнаа успеси поголеми од било кои други, како Хидетоши Накита, кој се појави дури на три светски финалиња, и Кисуки Хонда, стрелецот на три гола во Јужна Африка 2010 и Бразил 2014.

Светските првенства ги лансираше интернационалните кариери на многу други јапонски ѕвезди меѓу кои и Јуничи Инамото, Јасухито Ендо, Шинџи Оказаки и Шунсуке Накамура. Кои нови лица ќе привлечат внимание кога Плавите Самураи ќе се појават во Русија 2018, останува да видиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:14