FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 64 дена до самиот старт!
Скоро за 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
64 дестинации покрај Русија ќе бидат посетени од страна на пехарот на фудбалското светско првенство за време на традиционалната турнеја која низ светот се одвива пред првенството. Најпрестижната награда во фудбалот ќе допре до вкупно 51 земја и 6 континенти, притоа овозможувајќи на илјадници фанови поглед на пехарот.
Ова е четврти пат како ФИФА ја организира турнејата за пехарот во партнерство заедно со Кока – Кола. Традицијата започна пред светското првенство во Германија во 2006 година како дел од подготовките за првенството, со што од тогаш турата им овозможи на луѓето од целиот свет да почувствуваат дел од престижниот фудбалски спектакл.
Со секој нареден пат расте бројот на земји и градови кои се дел од турата, давајќи можност на се повеќе и повеќе поддржувачи да го видат одблизу посакуваниот трофеј.