FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 63 дена до самиот старт!

Скоро за 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

63 е бројот на натпревари на фудбалското светско првенство кои имале продолженија. Првиот од нив се одигра во Италија во 1934 година: 3-2 победа за Австрија над Франција. Воопшто не е изненадувачки фактот дека дел од најнезаборавните натпревари во историјата на светските финалиња биле одлучени во текот на дополнителните 30 минути, во кои нервите се на работ, а грешките може скапо да чинат. Финалињата на последните три првенства, каде победници беа Италија (Германија 2006), Шпанија (Јужна Африка 2010), и Германија (Бразил 2014), беа решени во продолженијата. Најверојатно најдраматичните дополнителни 30 минути во финалето беа одиграни во Англија во 1966, кога домаќинот ја победи Западна Германија со 4-2, благодарение на трите гола кои ги постигна Геоф Хрст, иако некои од поддржувачите на Германците тврдат дека Хрст тој натпревар постигна само два гола.

Едно од најнезаборавните продолженија на светското првенство се одигра во Мексико во 1970 година, во полуфиналната пресметка меѓу Италија и Западна Германија, која резултираше со пет гола и каде Италија излезе како победник со резултат од 4-3. Западна Германија беше инволвирана и во друг четврт-натпревар во Шпанија во 1982, каде заостанувајќи против Франција во драматичното продолжение од половина час успеаја да стигнат до победа преку пенали.

А кој би можел да го заборави одземањето на Роџер Мила на топката од Рене Игита и давањето на победнички гол во продолжението на натпреварот на кој Камерун ја победи Колумбија во осмина финалето во Италија во 1990 година, или возбудливиот финиш на четврт-финалето во Јужна Африка 2010 меѓу Гана и Уругвај? На тој натпревар Луис Суарез спречи постигнување на гол од страна на Гана на линијата за гол во последната минута од продолжението, а Асамоа Гуан промаши пенал. Уругвајците, подоцна шутирајќи пенали си ја обезбедија победата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:21