FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 62 дена до самиот старт!

Скоро за 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

62 е бројот на натпревари на кои Англија се натпреварувала на Светското фудбалско првенство. Овој број ги вклучува и петте натпревари против Германија, каде Гордиот Албион издвојува победа само еднаш со 4-2 резултат во продолжението на финалето во 1966 година. Овој триумф ја направи Англија еден од само двата тима, заедно со Франција, кои станале светски шампиони на домашен терен.

Кога ќе се помисли на Англија 1966, многу фудбалски фанови често се потсеќаат на “Пиклс” – кучето кое стана стана славно затоа што го пронајде украдениот Џулс Римет пехар пред почетокот на првенството. “Вембли голот” во финалето против Германија исто така има трајно место во спорстките историски книги.

„Гордиот Албион“ учевствувале на вкупно 14 светски првенства, вклучувајќи осум од последните девет првенства.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:22