FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 61 ден до самиот старт!

За точно 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

Во 1961 година – или попрецизно на 21 Март 1961 – Лотар Матеус му се претстави на светот во Ерланген, Германија. На тој ден, никој не можеше да замисли дека Лотар ќе прерасне во еден од најголемите и најуспешни херои на Светските првенства.

Со своите 57 години тој настапи вкупно 25 пати на Светските првенства, што е најголем број во историјата на првенствата. Тој настапуваше на секое првенство од 1982 до 1998, правејќи го еден од само двајцата играчи кои настапиле на пет фудбалски завршници, заедно со мексиканскиот голман Антонио Карбајал (1950 до 1966).

Иако Џанлуиџи Буфон истотака отпатува за Бразил на неговото петто светско првенство во 2014, италијанскиот голман не можеше да го достигне рекордот на Матеус и Карбајал, бидејќи на првенството во Франција во 1998 година, тој не влезе во игра, туку беше на клупата за резерви. Најдобриот FIFA голман за 2017 година и Нероаѕурите не успеаа да се квалификуваат за првенството во Русија 2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:24