FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 60 дена до самиот старт!

За точно 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

60 – е бројот на играчи кои постигнале гол за Италија во историјата на фудбалските светски првенства. Анџело Шиавио го постигна првиот гол во финалето во 1934 година, а Марио Балотели последниот до денес, против Англија во Бразил 2014. Најуспешни италијански стрелци на големата сцена се Паоло Роси, Роберто Баџо и Кристиан Виери, кои постигнаа по девет гола поединечно во нивните светски кариери.

Четирикратниот светски шампион не успеа да си обезбеди место на првенството во Русија 2018 откако изгубија од Шведска во Европскиот плеј – оф, што ќе биде прв пат нероаѕурите да останат надвор од светските првенства после Шведска во 1958 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:25