FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 59 дена до самиот старт!

За точно 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

59 – Фудбалските светски првенства се вистински магнети за гледачите. До денес, 59 – те првенства регистрирале толпи од над 80.000 фанови кои дошле да ги бодрат своите херои на стадионите.

Федеративна Република Германија и Аргентина го имаат поставено рекордот за највисока посетеност на финалето на Светското првенство со бројка од 114.600 во 1986 година. Наредно на листата е одлучувачкиот натпревар за титулата во 1970 година, кој истотака беше одржан на стадионот Азтека каде 107.412 фанови беа сведоци на триумфот на Бразил над Италија со 4-1. Секој од последните три натпревари на кои играше Аргентина во Мексико во 1986 година привлече толпа од преку 114.000 посетители на стадионот Азтека кој беше постојано распродаден.

Повисоки бројки биле забележани единствено во Бразил 1950 на последните четири настапи на домаќинот – кои беа одиграни на стадионот Маракана. Одлучувачкиот последен натпревар на првенството привлече 173.850 фанови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 03:39