Екипата на Бадел 1862 продолжува да доминира во македонското кошаркарско првенство. Кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода со 3-0 во финалната серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја запечатија петтата титула во низа.

„Баделки“ пренесоа еден бод предност во финалната серија, на првиот натпревар на домашен терен славеа со 61:51, а титулата ја заверија вчера со победа на гостински терен со 55:76.

За најкорисен играч – МВП на финалето е прогласен репрезентативката Александра Стојановска



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 13:33