Огромен број критики се појавија во јавноста кон Аргентинската фудбалска асоцијација поради прирачник за новинарите.

Аргентинските новинари кои ќе известуваат од Светското првенство во Русија добија прирачник кој содржи и поглавје „Како да и пријдете на Русинка“ кој го издал Аргентинската фудбалска асоцијација.

Прирачникот ги советува новинарите да изгледаат чисто, да мирисаат убаво и да се облечат пристојно за да ги импресионираат Русинките.

Во прирачникот се наведува и дека жените треба да се третираат со почит и како нешто вредно.

Поглавјето предизвика стампедо негативни коментари на социјалните мрежи.

АФА по реакциите го тргна спорното поглавје од прирачникот.

До контроверзиите околу прирачникот дојде само неколку месец по најголемиот марш на жените во Латинска Америка одржан во Буенос Аирес. Жените на улиците протестирале поради сеприсутниот сексизам и насилство над жените.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 23:42