FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 58 дена до самиот старт!

За точно 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

58 е бројот на браќа кои играле на фудбалските светски првенства. Меѓу најславните од нив се Германците Отмар и Фриц Волтер, кои придонесоа Западна Германија да го освои пехарот во Швајцарија во 1954, и Боби и Џек Чарлтон, кои го направија истото за Англија на домашен терен во 1966. Светското првенство беше почестено на периоди и од близнаците Франк и Роналд де Бур, кои настапија заедно за Холандија во САД 1994 и Франција 1998, додека пак холандските близнаци и колеги Вили и Рене ван де Керхоф беа дел од холандскиот тим кој изгуби во финалињата во Германија 1974 и Аргентина 1978.

Јужна Африка 2010 виде двајца браќа кои се соочија еден против друг, каде Жероми и Кевин – Принц Боатенг играа за Германија и Гана соодветно и каде натпреварот заврши со 1-0 за Германците. Неверојатно, но Боатенг браќата се соочија уште еднаш во групната фаза во Бразил 2014, каде двете нивни земји одиграа 2-2 нерешено.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 03:34