FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 57 дена до самиот старт!

За точно 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

57 е бројот на играчи кои ја затресле мрежата за Аргентина на фудбалските светски првенства. Луис Монти го започна постигнувањето голови за нацијата против Франција во групната фаза во Уругвај 1930, додека пак последен стрелец на првенството беше Гонзало Игуан во Бразил 2014 во четврт – финалето против Белгија.

Другите играчи кои постигнале голови на светските првенства за Аргентина во периодот од 84 години меѓу овие двајца стрелци се имињата на големите ѕвезди како Гуилермо Стабиле, Марио Кемпес, Диего Марадона, Габриел Батистута и Лионел Меси, како и помалку звучните херои Карлос Пеучеле, Даниел Бертони и Хозе Луис Браун.

На овој пат, овие 57 играчи и помогнаа на Аргентина да освои две светски титули и три втори места на првенствата, придонесувајќи земјата да го добие статусот на една од водечките фудбалски сили на планетата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 03:35