FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 55 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

55 – тата минута беше минутата кога беше постигнат највозвишениот гол во историјата на фудбалските светски првенства, кога Диего Марадона играјќи слалом на својот пат покрај играчите на англискиот тим и донесе победа на Аргентина со 2-0 во четврт – финалето во Мексико 1986.

Иако низ годините светските финалиња биле сведоци на многу извонредни голови, сепак соло трудот на Марадона продолжува да живее поради својата чиста неверојатност, нерамномерната природа на теренот и важноста на самата игра.

“Космички змеју, од која планета ли си?” извика плачливо аргентинскиот коментатор Виктор Хуго Моралес, опишувајќи го неверојатното 68 – метарско трчање кое траеше 11 секунди и во кое Марадона ја допре топката 11 пати.

После натпреварот, извонредниот Марадона објасни што точно поминувало низ неговата глава на неговиот пат кон голот.

“Кога бев еден на еден со (Питер) Шилтон, се сетив на нешто што ми го кажа еднаш брат ми после пријателски натпревар против Англија (во 1980). Имав слична шанса и шутирав право во голманот. Топката удри во статива и отиде во гол аут. Ел Турко ми рече: Направи погрешен избор. Требаше да поминеш покрај голманот и потоа да шутираш со надворешниот дел на твојата лева нога. Токму тоа го сторив денес.”

Години подоцна, англискиот напаѓач Гери Линекер рече:“Тоа беше прв пат во мојата кариера кога за малку ќе аплаудирав на теренот за нешто што го направи спротивниот тим бидејќи беше навистина извонреден гол.”

Правејќи ја истата шала денес како што направи тогаш, аргентинскиот играч Хектор Енрике рече:“Со пасот кој го изведов, ако не дадеше гол, ќе требаше да биде стрелан.”

Аргентина победи на натпреварот со 2-1 и продолжи во полуфиналето. Недела подоцна, Аргентина го славеше вториот триумф на светското првенство. “Тоа беше денот кога Марадона од фудбалер стана национален херој.”



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 03:38