Голманот Џо Харт призна дека му било тешко да го прифати фактот дека на Светското првенство во Русија нема да настапува за англиската репрезентација.

Селекторот Герет Саутгејт го соопшти списокот со 23 играчи, но во него го нема Харт.

Искусниот голман досега има настапено на 75 натпревари за репрезентацијата на Англија, вклучително девет од десет натпревари за квалификациите за овој Мундијал.

- Се чувствувам очајно. Изминативе две години се обидувам да го извлечам најдоброто од тешката ситуација во која се најдов, иако ваквите вести не е лесно да се прифатат. Горд сум на секоја минута што ја одиграв во репрезентацијата. Знам со што да му помогнам на тимот, но што е тука е. Им посакувам среќа! Иако нема да настапам во Русија, сепак ќе го носам дресот на Англија како навивач, истакна поранешниот репрезентативен голман.

Харт оваа сезона го загуби своето место и на голот на Вест хем, откако претходно дојде како позајмица од Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 14:26