Вардар рутински го совлада Пелистер со 27:46 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
На завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола, Пелистер не го искористи домашниот терен и претрпе огромен пораз од 19 поени разлика.
Домаќините во првите неколку минути пружија посериозен отпор и имаа дури водство од два гола, но Вардар очекувано и без проблеми воспостави контрола на теренот и на паузата замина со предност од 12:20.
Во второто полувреме „црвено-црните“ продолжија со истото темпо и само ја зголемуваа предноста до конечните 27:46.
Вардар во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Еурофарм Работник и Металург.