FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 54 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

54 - Каде ќе беше денес фудбалското светско првенство без преносот во живо? Сепак, иако сме веќе навикнати на следење на натпреварите преку интернет каналите или пак преку медиумите, ништо не може да се спореди со гледањето на натпреварот “во живо.”

Светското првенство за прв пат се пренесуваше во живо на телевизија во 1954 година. Околу 90 милиони луѓе ги гледаа натпреварите на првенството на приближно четири милиони црно – бели телевизори каде на крајот беа сведоци на Чудото на Берн, кога Западна Германија го победи силниот фаворит Унгарија со 3-2 пред 64.000 гледачи на распродадениот стадион Ванкдорф во Берн, Швајцарија.

Оваа технолошка револуција започна осум години порано во Октомври 1946, кога ББС го пренесуваше првиот фудбалски натпревар меѓу Барнет и Велдстоун на лондонскиот стадион Андерхил. Сепак, овој прв пренос не помина без потешкотии – беа емитувани само 20 минути од првото полувреме, а преносот наеднаш прекина на 35 - те минути од второто полувреме кога стана претемно за камерите.

Првиот меѓународен натпревар беше емитуван во Швајцарија на 25 Април, на само неколку недели пред финалето во 1954 година. Победата на Германија над домаќинот со резултат од 5-3 во пријателски натпревар го означи почетокот на новата ера во технологијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 00:18