FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 53 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

53 е бројот на одиграни натпревари на фудбалските светски првенствѐ на кои играле играчи со името Санчез. Чилеанскиот плејмејкер Леонел Санчез беше во топ форма на домашнен терен на првенството во Чиле во 1962. Тој им помогна на Чилеанците да стигнат до полуфиналето, каде беа поразени со 4-2 од светскиот шампион Бразил и на крајот заврпија на третото место. Тој како лево крило беше награден за неговото мајсторско постигнување на голови така што стана еден од шесте играчи кои ја добија наградата Златна копачка за четирите гола кои поединечно ги постигна секој од нив.

Мексиканскиот Хуго Санчез играше на три Светски првенства и тоа во 1978, 1986 и 1994. Тој има листа на достигнувања со кои само неколку играчи можат да се споредат, заврши како најдобар стрелец пет пати во Шпанската лига и еднаш во Мексико, притоа освојувајќи ја Европската Златна Копачка, играше цело време за Реал Мадрид, а со неговото име беше наречено дури и еден специфичен вид на шутирање. Тешко е да се замисли дека некој друг има повозбудлива фудбалска кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 00:20