FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 52 дена до самиот старт!
За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
52 секунди беа поминати кога Уругвајскиот голман Хозе Батиста беше исклучен од игра на завршниот натпревар во Е групата во 1986 година на фудбалското светско првенство во Мексико кога неговиот тим играше против Шкотска. Ова беше и до денес остана најбрзото исклучување од игра било кога во историјата на првенствата.
Двата тима се бореа за место во шеснаесетфиналето на Стадионот Неза а Шкотланѓаните го имаа почетниот удар. Артур Албистон ја изведе топката, додавајќи на неговиот соиграч Гордон Стрекн. Стрекн само што ја допре топката, беше соборен од позади од Батиста, што го натера францускиот судија Жоел Киниоу да не губи време и да му покаже црвен картон на Уругваецот.
“Сакав да умрам” Киниоу се сеќава подоцна. “Мојата намера не беше да завршам во Гинисовата книга на рекорди.” Натпреварот заврши нерешено, што беше доволно за Уругвај да продолжи во наредниот круг. Како и да е, Батиста остана запаметен по најбрзиот црвен картон на светските првенства.