FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 51 ден до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

51 е бројот на Перуански играчи кои настапиле на фудбалските светски првенства. Перу донесоа промени со нивниот прв настап во Мексико во 1970 година благодарение на атрактивниот стил на играње, но ја имаа несреќата да играат против тимот на Бразил кој беше сочинет од Пеле, Ривелино, Жаирзино и уште неколку големи ѕвезди во четврт-финалето.

Навистина, напаѓачката вештина на Перу беше таква што на крајот тие завршија на третото место за најмногу голови постигнати во просек по натпревар (2.25), веднаш после шампионите Бразил и Федеративна Република Германија.

Јужно Американците исто така играа и во Аргентина во 1978 година, каде влегоа во втората рудна пред Шкотска, и во Шпанија во 1982 година, каде не беа во можност од групната фаза да продолжат понатаму.

Неколку славни имиња во Перуанскиот фудбал ја претставуваа нивната нација на светските завршници, вклучувајќи ги Хектор Чумпитаз, Цезар Куето, Хуго Сотил, Хулио Цезар Урибе, Хуан Карлос Облитас и секако Теофило Кубилас.

ЕлНене е фудбалската легенда, која има настапено на повеќе светски првенства (низ Мексико 1970 и Аргентина (1978) и има постигнато повеќе голови (десет; пет на секое првенство) од било кој друг Перуански играч.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 00:23