FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 50 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

50 е бројот на хет-трикови постигнати на фудбалските светски првенства. Пред четири години, Швајцарецот Џердан Шаќири постигна три гола во групната фаза што на неговиот тим му донесе победа од 3-0 против Хондурас. Ова се случи откако Томас Мулер го постигна првиот хет-трик во Бразил 2014 во победата на Германија над Португалија со 4:0.

Првиот хет-трик беше постигнат од Берт Патенауде во победата на САД со 3-0 против Парагвај во 1930 година. Во меѓувреме, четири играчи успеаа да постигнат хет-трик. Сандор Козис (Унгарија, 1954), Џаст Фонтејн (Франција, 1958) и Герд Милер (Западна Германија, 1970) успеаа во подвигот во рамки на едно првенство, додека пак Аргентинецот Габриел Батистута ги забележа своите два подвига постигнувајќи хет-трик во последователните светски првенства (1994 и 1998).

Англиското финале во 1966 година е познато по најславниот хет-трик на сите времиња. Вембли беше сцената каде Геоф Хрст даде три гола и му помогна на Гордиот Албион да ја совлада Германија со 4-2. Од тогаш, ниеден играч не успеал да постигне хет – трик во завршниот натпревар на светските првенства.

Рекородот за постигнат хет-трик на светските првенства е поставен во Швајцарија во 1954 година, каде беа постигнати дури осум. На секое од светските првенства одржано во Франција 1938, Шпанија 1982 и Мексико 1986 беа постигнати по четири хет-трика, додека пак од последното првенство не сте постигнати повеќе од два хет-трика.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 00:25