FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 49 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

Храбрите перфоманси на тимот на Костарика долго ќе живеат во историјата на фудбалските светски првенства, особено нивниот настап во Италија во 1990 година. Костариканците донесоа размрдување и за добредојде додадоа доза на боја на првенството, кое воглавно беше карактеризирано со тактичка дисциплина и беспрекорна одбрана, стигнувајќи до шеснаесетфиналето на нивното дебитантско првенство.

Во 49 – тата минута од почетниот натпревар во нивната група против Шкотска, Хуан Кајасо го постигна единствениот гол во натпреварот а со то и ја донесе првата победа на Костарика на Светското првенство.

“Отидовме како аутсајдери кои немаат никакво искуство на такво големо интернационално натпреварување,” се сеќава голманот Луис Габело Конејо. “Наеднаш требаше да се спротивставиме на Бразил, Шкотска и Шведска, тимови кои имаат многу подлабока фудбалска историја од нас. Како и да е, нашиот европски тренер Бора Милутиновиќ имаше зад себе многу години иксуство и знаеше дека сепак можеме да постигнеме нешто. Најдобро од се беше тоа што тој беше извонреден мотиватор. Тој не натера да сфатиме дека шансата да играме на светското првенство беше исклучителна можност поради која треба цело време на ум да ја имаме нашата крајна цел.”



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 01:01