FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 48 дена до самиот старт!
За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
48 минути имаше одбројано часовникот на фудбалското светско првенство во Бразил во 2014 година на натпреварот меѓу Франција и Хондурас, кога за прв пат во историјата на првенството беше употребена гол-технологијата за да се утврди дали била помината линијата за гол и дали треба да се признае голот.
Се почна кога Јохан Кабаје со фантастичен пас го пронајде Карим Бензема, чиј прв обид за гол се одби од левата статива на голот на Хондурас и го удри голманот Ноел Валадарес. Колку и да се обидуваше, Валадарес не можеше да ја спречи топката одбивајќи се од него да се врати и да ја помине линијата за гол за само неколку сантиметри.
15 Јуни 2014 година е денот кој ќе остане забележан во спортските записи како денот кога за прв пат гол-технологијата беше таа која одлучи дали е гол или не во историјата на светските првенства.