FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 47 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

47 - Роден во 1947 година, легендата на фудбалските светски првенства, Оскар Вашингтон Табарез со своите 71 година, ќе биде најстариот тренер од вкупно 32 – та тренери на светското првенство во Русија 2018.

На уругвајскиот шеф ова ќе му биде четврто светско првенство на кое ќе учевствува, а првото беше во Италија во 1990, каде беше на чело на тимот кој го сочинуваа Енцо Франческоли, Рубен Соса, Антонио Алзаменди и други водечки ѕвезди од Јужноамериканскиот фудбал. Тимот влезе во последните 16, каде изгубија од домаќините.

Табарез се врати на чело на Уругвајците на 8 Март 2006. Во изминатите 12 години тој работеше внимателно како би можел да го врати Уругвај на неговото вистинско место меѓу светката елита. Тренерот ветеран го водеше тимот до четвртото место во Јужна Африка 2010, каде стигнаа до полуфиналето за прв пат од 1970 година, а во Бразил 2014 во групната фаза беа пред Италија и Англија, пред да изгубат во шеснаесетфиналето. Во меѓувреме, тој го однесе Уругвај до титулата Копа Америка во Аргентина 2011 година.

До денес, Табарез ја водеше својата репрезентација на повеќе од 15 натпревари на Светските првенства, што е за десет помалку од рекордот на сите времиња поставен од поранешниот тренер на Западна Германија Хелмут Шоен, во периодот меѓу 1966 и 1978 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 01:04