FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 45 дена до самиот старт!

За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

45 минути беа поминати на натпреварот меѓу Мексико и Советскиот Сојуз со кој започна фудбалското светско првенство во 1970 година, кога се случи навистина историски момент. За времетраењето на полувремето, главниот тренер на Советскиот Сојуз Гаврил Качалин одлучи да направи замена, нешто што за прв пат се случи на тој натпревар, па го внесе во игра Анатолиј Пужач на местото на Виктор Серебрјаников во второто полувреме.

Од тој момент, заменувањето на играчите стана нормален и дури есенцијален дел од фудбалската игра. Секој фан може да се сети на неколку примери каде замената целосно го променила текот на натпреварот во позитивна смисла, или пак кога замената комплетно ја нарушила играта на тимот до таа мера што сигурната експлозивна победа ја претворило во срам.

Последен пример на перфектно изведена замена беше онаа на финалето на светското првенство во 2014 година меѓу Германија и Аргентина. Како што отчукуваа минутите, германскиот тренер Јоаким Лев го испрати во игра Марио Геце, кој со единствениот гол кој го постигна во продолжението на играта им ја обезбеди на Германците четвртата светска титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 01:07