FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 42 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

Уругвај го обезбеди своето место во историјата станувајќи првиот тим кој го освоил пехарот на фудбалските светски првенства на стадионот Центенарио во Монтевидео на 30 Јули 1930 година, кога ги победија соседите Аргентина со 4-2 на првото финале.

Аргентинскиот напаѓач Гуилермо Стабиле беше ја освои Златна Копачка со постигнати осум гола на првенството. И покрај тоа што тој му овозможи на својот тим предност од 2-1 во финалето, сепак не можеше да го спречи камбекот на Уругвај во второто полувреме. Претходно, Стабиле немаше никогаш играно за Аргентина пред светското првенство во 1930 година и никогаш веќе не ја претставуваше својата земја повторно.

Четири европски земји беа дел од долгото патување преку Атлантскиот Океан во Уругвај во 1930. Југославија тргна од Марсеј додека пак Романија, Франција и Белгија патуваа заедно на бродот Конте Верде, заедно со претседателот на FIFA Џулс Римет меѓу патниците. На натпреварот со кој се отвори првенството на 13 Јули 1930, Французинот Лучиен Лорент влезе во историјата со тоа што го постигна првиот гол на првенството постигнувајќи гол, гол кој ја инспирираше неговата земја да извојува победа од 4-1 над Мексико.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 01:11