FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 41 ден до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
41 е бројот на автоголови постигнати во историјата на фудбалското светско првенство, додека веројатно најпознат е автоголот кој го постигна Марсело овозможувајќи и предност на Хрватска на натпреварот со кој се отвори првенството во Бразил 2014.
Случајната грешка на играчот на Реал Мадрид дојде во 11 – тата минута, кога се обиде да му го пресече од лево патот на Ивица Олиќ, но се што успеа да направи беше да ја пренасочи топката право во бразилската мрежа. Сепак, благодарение на инспиративната форма во која беше Нејмар, домаќинот се врати во игра за на крајот да победи со 3-1.
Меѓу другите автоголови постигнати на светските првенства кои се вредни за паметење е и оној на Андрес Ескобар кој му донесе победа од 2-1 на САД над Колумбија во 1994, и оној на италијанскиот одбранбен играч Кристиан Закардо играјќи против Американците во Германија 2006, што е единствениот гол кој Италијанците го примија на натпреварот пред пеналот на Зинедин Зидане во финалето.
Првиот автогол во историјата на светското првенство беше постигнат од Мексиканецот Мануел Росас на натпреварот против Чиле во 1930 година, додека пак последниот му се припишува на Нигериецот Жозеф Јобо на натпреварот против Франција во шеснаесетфиналето во Бразил 2014.