Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги смести головите на вардаровите играчи Хуан Фелипе и Дејан Блажевски меѓу десетте најубави оваа сезона во Лига Европа.

Погодокот на Хуан Фелипе на гостувањето на Вардар во Трондхајм кај Розенборг се најде на 6.место во изборот на УЕФА. Бразилецот во финишот од дваесетина метри со лоб удар постигна прекрасен погодок, намалувајќи во тие мигови на 3:1. Тоа беше првиот гол на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Деветото место на оваа листа го освои голот на Дејан Блажевски на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург. После нафрлена топка од корнер, Блажевски со волеј удар од дваесетина метри ја смести топката во долниот лев агол од голот на рускиот тим.

Вардар во групната фаза од ЛЕ успеа да постигне три гола, а од нив дури два беа сместени меѓу првите десет.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 15:15