За нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје е поставен Душко Весковски.

На 2 мај, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, беше објавен конкурсот за избор на генерален директор на ова јавно претпријатие.

По завршувањето на законскиот рок за поднесување апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на 18 мај за генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје го назначи Душко Весковски. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, наведуваат од претпријатието.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 00:34