Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе рече дека не планира да го напушти клубот во следната сезона.

Французинот сака да остане во ПАриз за да го одработи до крај актуелниот договор со ПСЖ.

-Имам петгодишен договор со ПСЖ, и јас сум многу среќен тука. Следната сезона ќе бидам тука, но по истекот на петгодишниот договор не знам, изјави Мбапе за француските медиуми.

19-годишниот Килија Мбапе сениорската кариера ја почна во Монако пред три години, а од лани е дел од „светците“ од Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 00:49