Словенечкиот репрезентативец Лука Дончич е прогласен за најкорисен кошаркар оваа сезона во Евролигата.

19-годишниот играч на Реал Мадрид е најмладиот кошаркар кој го добил ова признание.

Наградата за потег на годината отиде кај Јан Весели од Фенербахче за изведбата против Жалгирис.

Најдобар стрелец, односно трофејот „Алфонсо Форд“ е за Алексеј Швед од Химки, најдобар дефанзивец е Кајл Хајнс од ЦСКА Москва, а најдобар млад играч Лука Дончич.

Младата ѕвезда на Реал се најде и во идеалната петорка заедно со Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо Де Коло (ЦСКА), Торник Шенгелија (Басконија) 9 Јан Весели (Фенербахче).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 23:11