Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“ и ќе бидат продуценти на некои идни филмови и серии.

- Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од „Нетфликс“ .

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Хајер граунд продакшнс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 20:31