FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 39 дена до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
39 Целзиусови степени беше температурата на Стадионот Кастелао во Фортацела кога португалскиот судија Педро Проенка даде сигнал за првата пауза која некогаш била направена на фудбалските светски првенства, на натпреварот меѓу Холандија и Мексико одигран на 29 Јуни 2014 година во текот на шеснаесетфиналето.
Пред првенството, FIFA препорача воведување на ваквата мерка како би се заштитило здравјето на играчите доколку температурите надминат 32 степени за времетраењето на натпреварот, иако крајната одлука сепак ја носи судијата.
Во согласност со протоколот на првенството, без дозволени 2-3 минути пауза по истекот на 30 минути игра во секое полувреме, а дополнително судијата одлучи да се продолжи времето три минути на крајот на секое полувреме.