FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 38 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

38 Фудбалското светско првенство е еден од најголемите спортски настани во светот, за кое секоја земја која е љубител на фудбалот сонува да земе учество и да го освои многу посакуваниот трофеј, најголемата фудбалска награда. Досега, само девет земји успеаа да го подигнат трофејот.

Сепак, Трофејот не е единствената награда за победниците. Шампионот добива и парична награда во износ од 38 милиони американски долари, а второпласираниот тим добива 28 милиони американски долари. Вкупно, 400 милиони американски долари ќе бидат поделени меѓу тимовите кои ќе учествуваат на првенството во Русија 2018, за разлика од само 20-те милиони американски долари кои беа доделени во Шпанија во 1982, што е одраз на растечкото значење на овој единствен настан во светскиот спортски календар.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 01:46