FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 37 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

37 корнери беа изведени од страна на Германија на нејзиниот пат до триумфот на фудбалското светско првенство во Бразил 2014. Тие резултираа со постигнување на четири гола: Матс Хумелс против Португалија, Мирослав Клосе против Гана, Томас Милер против Бразил и Милер повторно против САД – иако последниот од овие голови беше постигнат по одбиена топка од нафрлување од корнер.

“Внимателно планираните акции се моќно оружје за еден тим, бидејќи токму тие можат да бидат решавачки за натпреварите,” рече германскиот тренер Јоаким Лев за времетраењето на првенството во Јужна Америка, пред да открие дека неговите играчи и асистентот Ханси Флик инсистирале на интензивно вежбање на корнери и слободни удари во текот на неколку тајни тренинг сесии одржани во нивниот тренинг камп во Јужен Тирол пред почетокот на првенството. “Голем љубител сум на вежбање на акциите по прекин на играта.”

Ова вежбање се исплатеше, откако пет од десетте германски голови дојдоа како резултат на три изведени корнери, еден слободен удар и еден пенал на нивниот пат до полуфиналето против домаќинот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 01:49