FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 36 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

36 - Судискиот комитет на FIFA назначи вкупно 36 судии и 63 судии помошници кои се претставници од 46 земји за фудбалското светско првенство во Русија 2018.

Критерумите согласно кои беше направена селекцијата ги вклучуваат официјалните вештини и личноста на секој еден од нив, како и познавањата за фудбалот и способноста да се разбере самата игра како и различните тактики применети од страна на тимовите. За таа цел, за судиите и помошниците судии беа одржани неколку подготвителни семинари во изминатите три години, каде фокусот беше ставен на фер играта, заштитата на играчите, сликата на самата игра, конзистетно и унифицирано судење, техничко и тактичко разбирање на играта, како и знаењето за различните играчи и тимскиот менталитет.

Комитетот истотака одбра и 13 претставници на првенството кои ќе делуваат единствено како видео асистенти судии за време на натпреварите.

Секој од одбраните судии, асистенти судии и видео асистенти судии ќе биде надгледуван и подржуван поединечно од страна на судискиот комитет на FIFA, како со сигурност би се утврдило дека се целосно подготвени.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 01:51