FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – 35 дена до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

35 – Затресувајќи ја мрежата за време на финалето на фудбалското светско првенство во 1958 година на домашен терен, Швеѓанецот Нилс Лиедхолм, со тогашните свои 35 години, 8 месеци и дваесет и еден ден, стана најстариот играч кој постигнал гол на натпреварите на првенствата. Пред почетокот на првенството во Русија 2018, тој рекорд стар 60 години сеуште важи.

На скандинавската ѕвезда, која претходно имаше свој удел во незаборавната победа на плаво-жолтите на Олимпискиот фудбалски турнир во 1948 година, и требаа само 4 минути за да си го пробие патот низ бразилската одбрана, носејќи ја за кратко целата земја во делириум. “Тој беше неверојатен”, рече Гунар Нордхал, кој играше заедно со Лиедхолм на интернационално ниво, како и во италијански Милан. “Тој можеше да најде празнина во сечија одбрана.”

И покрај ваквиот одличен старт, Швеѓаните не успеаа да одржат чекор со Бразилците, кои завршија како победници со резултат од 5-2 на познатиот стадионот Расунда во Солна и го подигнаа пехарот за прв пат. А кој беше водечката сила зад триумфот на Јужноамерикаците? Никој друг, туку најмладиот стрелец на фудбалското светско првенство на сите времиња, Едсон Арантес До Насцименто, попознат уште како Пеле, кој даде два гола во Солна со своите 17 години, 8 месеци и 6 дена – уште еден рекорд кој цврсто важи до денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 01:54