Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ноќеска го совладаа Бостон Селтикс со 111:102 и го изедначија резултатот на 2-2 во финалето на Источната конференција од НБА лигата.

Натпреварот имаше сличен тек како претходниот. Домаќините веќе во првата четвртина направија двоцифрена разлика (34:18) и ја задржаа до крајот.

Повторно незапирлив за гостинската екипа беше Леброн Џејмс кој дуелот го заврши со 44 поени пет скока и три асистенции.

Џејлен Браун со 25 поени беше најефикасен кошаркар во поразената екипа.

Петтиот натпревар во серијата прв до четири победи на распоредот е ноќта меѓу среда и четврток по средноевропско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 10:23