По повод Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година заедно со Град Скопје традиционално ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“.

Манифестацијата ќе се одржи денеска во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, а ќе учествуваат децата од градинките во Скопје.

Детскиот културен центар „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма и симболични награди за учесниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 10:28