За првпат во клупската историјата, екипата на Усека ќе игра во најсилната шпанска фудбалска лига. Уеска ја победи Луга со 2:0 во последнито натпревар од 40. коло во Сегунда и на две рунди пред крајот создаде недостижни седум бода предност пред Спортинг од Хихон, кој е на третото место.
Усека ќе биде тимот со најмал стадион во историјата на Примера. „Ел Алкорас“ има капацитет од само 5.500 илјади гледачи. Досега прв на оваа листа беше Еибар со „Мунисипал“ кој собира 7.000 посетители.
Во следните две рунди од Сегунда шанси за прволигашки пласман има Рајо Ваљекано, додека за место во плејофот ќе се борат Спортинг Хихон, Сарагоса, Ваљадолид и Кадиз, Нумансија, Овиедо и Осасуна.
Од Приемра испаднаа Ла Коруња, Лас Палмас и Малага.