Во организација на Здружението „3х3“ кое е дел од Македонската кошаркарска федерација од 1 до 3 јуни ќе стартува премиерната баскет лига во Македонија.

Настанот ќе започне со ревијален турнир и тридневен хепенинг во Скопје Сити Мол, на 5. ниво од катната гаража на трговскиот центар. Натпреварите ќе започнуваат во попладневните часови и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда.

- Ова лето ќе започне со голем спортски настан, премиерната 3х3 лига на РМ – вистинско освежување во нашата спортска култура. Како совршена локација за старт на турнирот го одбравме Скопје Сити Мол кои не поддржаа и станаа дел од овој настан, придонесувајќи со многу активности и забава за сите посетители во нивен препознатлив стил. Во лигата која ќе трае до септември ќе можат да се пријавуваат и професионални кошаркари и рекреативци. Екипите коишто ќе бидат најуспешни во текот на сезоната ќе се квалификуваат на завршниот турнир, изјави Драган Караџовски претседател на Здружението „3х3“.

Покрај официјалнот дел со натпреварите, во рамки на тридневниот настан, посетителите ги очекуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 11:22