Хали Бери и Анџелика Хјустон и се придружија на актерската екипа за третиот дел од акционата сага „Џон Вик“, во којшто насловната улога повторно ќе ја има Кијану Ривс.

Во новиот филм од сагата за еден од највештите платени убијци во светот улоги добија и Лоренс Фишбурн, Марк Дакаскос, Ијан Мекшејн, Џејсон Манѕукас и други актери. Сценариото го напиша Дерек Колстад, а режисер ќе биде Чед Стаелски.

Проектот е во продукција, а премиерата е закажана за 17 мај наредната 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 15:20