Мајкл Китон ќе ја повтори улогата на Мршојадецот во продолжението на „Спајдермен“, но ќе биде засилен со новиот негативец - Мистерио, улога којашто најверојатно ќе ја глуми Џејк Џиленхол. Улогата на Спајдермен повторно ќе ја глуми Том Холанд.
На крајот на „Спајдермен“ од 2017 година, Мршојадецот во затвор се сретна и со Скорпио, што, како што јавува порталот „Варајети“, навестува дека Спајдермен ќе се соочи со повеќе негативци, веројатно групата „Злите шестмина“.
Мариса Томеи, Зендеја и Џејкоб Баталон ќе ги повторат своите споредни улоги од хит-филмот од лани, а режисерското столче повторно му припадна на Џон Вотс.
Филмот е се уште во претпродукција, а премиерата е закажана за 5 јули 2019 година.