Пред влезот на гимназијата „Преродба“ во с.Житоше, прилепско, вчера во 17:50 часот во меѓусебна тепачка, Д.И. (19) од с.Сазждево со нож го прободел Д.П. (18) од с.Житоше.

Д.П. сам отишол во Клиничката болница Прилеп каде што му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Д.И. е приведен во полициското одделение Ропотово и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 15:22