Во Куманово синоќа во 20.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово.
При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства.
Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.