Несогласувањата помеѓу Каваи Ленард и неговиот тим Сан Антонио се очигледни, но Спарс се подготвени да ја задржат својата ѕвезда. Тимот од Тексас сака да ја смири ситуацијата, нудејќи му на Ленард одличен договор - 219 милиони долари за пет сезони. Дваесет и шестгодишниот Ленард одигра само 9 натпревари за Сан Антонио во сезоната 2017/2018, а во нив постигнуваше во просек по 16.2 поени, 4.7 скока, 2.3 асистенции, 2.0 одземени топки и 1.0 блокирани удари. Раководството на тимот сака да се сретне со ѕвездата и двете страни да разговараат за иднината и да ги остават своите недоразбирања во минатото. Ленард е двократен „Дефанзивец на годината“ и МВП на финалето, откако има титула со тимот од Сан Антонио во 2014 година.