Голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на ЕХФ за најдобра одбрани во регуларниот дел од сезоната 2017/2018.
ЕХФ во својот избор ја вметна двојната одбрана на Штербик на гостувањето против ППД Загреб во Хрватска.
Вардар и оваа сезона ќе биде дел од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Тој ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн, Вардар за противник го има Монпелје.