Хуманитарна аукција во рамки на кампањата „Креатори на насмевки“ за собирање средства за децата без родители од СОС Детско село ќе се одржи вечерва во Скопје.

- Целта на аукцијата е да ги мотивира младите дизајнери и да им ја обезбедиме најубавата матурска вечер на матурантите од СОС Детско село. На аукцијата ќе бидат понудени чанти подарени од Карписа што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ, ги редизајнираа надградувајќи ги со својата уникатна креативност, најавуваат организаторите.

Аукцијата е од отворен карактер и ќе се одржи во ТЦ Капитол мол кој е иницијатор на проектот



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 10:30